Политика за поврат на средства
Враќање, гаранција и рекламации
Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, можете да го вратите или замените неупотребениот производ во неговата оригинална и неоштетена амбалажа, со сите пломби, додатоци и фискална сметка, во рок од 15 дена од приемот. Производи кои се отпечатени, користени, оштетени по ваша вина или со оштетена амбалажа не се прифаќаат. За враќање јавете се на 075 405 885 или contact@hi.mk. По прием и проверка на производот, средствата се враќаат на истиот начин на кој е извршено плаќањето.
Гаранција
Сите производи се продаваат со гаранција од производителот/увозникот. Гаранцискиот рок е наведен на гаранцискиот лист и/или на сметката и тече од денот на купување. Гаранцијата опфаќа замена или поправка при фабрички дефект. Ако поправката трае подолго од законски пропишаниот рок од 30 дена, производот се заменува со нов или еквивалентен.
Што не покрива гаранцијата
- Редовно одржување, потрошни делови и нормално абење
- Механички оштетувања, неправилна употреба, течност, корозија или пожар
- Неовластени поправки, неоригинален софтвер и додатоци
- Оштетени гаранциски пломби или комерцијална употреба
Рекламации
Рекламација поднесувате на service@hi.mk или 075 405 885, или лично на: Хи Комуникации ДООЕЛ Скопје, ул. Трета Македонска Бригада бр. 48, 1000 Скопје.


































