Гаранција и враќање

1. Право на раскинување и враќање

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, можете да го вратите или заменете неупотребениот производ во неговата оригинална и неоштетена амбалажа, со сите пломби, додатоци и фискална сметка, во рок од 15 дена од приемот. Производи кои се отпечатени, користени, оштетени по ваша вина или со оштетена амбалажа не се прифаќаат. За враќање јавете се на 075 405 885 или contact@hi.mk. По прием и проверка на производот, средствата се враќаат на истиот начин на кој е извршено плаќањето.

2. Гаранција

Сите производи се продаваат со гаранција од производителот/увозникот. Гаранцискиот рок е наведен на гаранцискиот лист и/или на сметката и тече од денот на купување. За да ја остварите гаранцијата потребни се оригиналната сметка и гаранциски лист (каде што е применливо).

3. Што покрива гаранцијата

Замена или поправка на производот при фабрички дефект во материјалот или изработката кој постоел пред да почнете да го користите производот. Ако поправката трае подолго од законски пропишаниот рок од 30 дена, производот се заменува со нов или еквивалентен. Гаранцискиот рок се продолжува за времетраењето на поправката.

4. Што не покрива гаранцијата

  • Редовно одржување, потрошни делови и нормално абење
  • Механички оштетувања, неправилна употреба, оштетувања од течност, влага, корозија или пожар
  • Неовластени поправки или отварање на уредот, неоригинален или некомпатибилен софтвер и додатоци
  • Оштетени или отстранети гаранциски пломби, или несовпаѓање на гаранцискиот лист со производот
  • Комерцијална употреба

5. Рекламација и сервис

Рекламација поднесувате на service@hi.mk или 075 405 885, или лично на адресата: Хи Комуникации ДООЕЛ Скопје, ул. Трета Македонска Бригада бр. 48, 1000 Скопје. Ако при сервисен преглед не се утврди дефект покриен со гаранција, може да ви бидат наплатени трошоците за преглед и транспорт. Не одговараме за загуба на податоци на уредот.

Последна измена: ноември 2026.